Биографија за авторот

 

 

zan-mitrev Жан Митрев е роден во Штип, каде завршува гимназија, а медицински факултет во Скопје. Специјализира хирургија во Загреб, а кардиохирургија во Германија. Работи како кардиохирург во Франкфурт и Цирих, а во 2000 година ја отвора првата приватна болница во Македонија.

 

Како единствен Македонец до сега, во 1997 год. во Франкфурт ја прави и првата трансплантација на срце. Како што вели: го има оперирано духовното срце на Македонија ...

 

Во тој контекст е и оваа книга со 8 приказни за големите македонски великани, како придонес за идните генерации.